Според статистиката, во Амстердам има повеќе од 800.000 велосипеди и дури 63 проценти од населението секојдневно вози велосипед. Луѓето го користат велосипедот за да одат на училиште, факултет и на работа, па не е чудно што почнаа да исчезнуваат слободните паркинг места.
Како изгледа најголемата подводна гаража за велосипеди во Амстердам?
Паркинг местата за велосипеди, особено околу Централната станица во Амстердам, може да бидат толку преполни што го отежнуваат движењето на пешаците низ градот. Со цел да се решат овие проблеми на крајот на јануари 2023 во главниот град на Холандија беше отворена првата од двете најголеми гаражи за велосипеди во Амстердам.
Првата отворена гаража е Stationsplein, која се наоѓа приближно девет метри под пристаништето и каде што можат да се паркираат дури 7.000 велосипеди. Гаражата е дизајнирана од холандско архитектонско студио Wruck во соработка со музејот во Амстердам.
Целата гаража има паметен систем за паркирање и водење од софтверска компанија LumiGuide, а поврзана е и со метро преку подземни патишта. Просторот е максимално искористен, за да може да се паркираат што е можно повеќе велосипеди.
Уште една голема гаража – онаа на булеварот IJ дизајнирана од VerhoevenCS ќе биде отворена во текот на февруари оваа година, а ќе обезбеди дополнителни 4.000 места за паркирање велосипеди во Амстердам.