Како Мицкоски добил термин за пасош?! Вицепремиерот Битиќи тврди дека постои паралелен, „Сваровски“ список за фотографирање за пасош

„Вистински верувам дека тоа што сме го направиле е со добра намера. Второ сите чекори се институционални и нема простор да не се бранат. Секој ден гледам дека општеството сака да живее во средена средина, ама ако може за нас малку да се замижи на едното око. Иднината на нашата земја е владеење на правото, а не градење паралелни системи. Институциите мора да функционираат добро за сите, а паралелен систем сме виделе колку е лоша работа, тефтери за едно, за друго, и треба време за да се уредат тие работи, вели вицепремиерот за економски прашања во Владата“, Фатмир Битиќи, во СТУДИО 10 на Телевизија 24.

„Јас не сум се јавил на министерот за внатрешни работи јас и моето семејство да си ги земеме пасошите оти сме сликани пред 32 дена и нема да го сторам тоа, ќе чекам. Верувам дека оваа држава може да функционира исто за сите оти сите сме граѓани на оваа земја“, посочи Битиќи.

Во однос на застојот со вадењето пасоши вицепремиерот подвлече дека е тоа инструирано од ВМРО-ДПМНЕ со лажни закажувања што предизвикале системот да падне, за подоцна нивниот министер за МВР да го „реши“ проблемот со 50.000 фиктивни јавувања.

Тој додаде дека има паралелен список за фотографирање што е со термин по завршување на работното време кој го нарече „сваровски“ список.

„Кога ме прашуваат зошто влегов во политика и во СДСМ, јас велам дека сум земал од ова општество и се чувствувам должен да возвратам и еден ден да можам да им кажам на моите деца дека сум се обидел да направам подобро“, заклучи Битиќи.

Општеството сака да живее во општество каде што има демократија и владеење на право, ама ако може да затвориме едно око, кога нас ни оди во полза. Лидерот на опозицијата (Христијан Мицкоски) вика дека не работат телефоните, затоа е виновен СДСМ, ама јас закажав термин (за патни исправи). Како закажа термин ако не работат телефоните? Значи има посебен список за нив и го прави министерот. Тоа е владеење на право?, праша вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи околу неодамнешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека успеал да закаже за фотографирање за пасош по брза постапка.

Вицепремиерот истакна дека „не се јавил на новиот технички министер за внатрешни работи за да добие пасош со новото уставно име, ниту неговата сопруга, ниту неговите деца, а се сликани пред 32 дена“.

-Јас ќе чекам. Ако тој за вториот човек во Владата, не може да направи систем, за да и секој граѓанин го добие тоа што го заслужува, тогаш тој не е за таа позиција. И јас во 2020 година се сликав за пасош со старото име, во редовна постапка и го подигнав за десетина дена и исто така бев на шалтер, обелодени Битиќи во емисијата „Студио 10“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.