Како можеме да го користиме ЧИА СЕМЕТО за РАСТ НА КОСАТА?

Чиа семињата се богати со есенцијални масни киселини, протеини, влакна, витамини и минерали.
Покрај голем број здравствени придобивки, тие се користат и за нега на косата. Се наоѓаат во маски за коса, гелови и мелеми. Служат како природен омекнувач на косата, така што ќе направат да изгледа меко и негувано.
Чиа семе за раст на косата
Тие се богати со омега-3 масни киселини. Помагаат да се подобри хидратацијата на кожата и функцијата на нејзината бариера. Чиа семињата содржат протеини, така што можат да го подобрат растот на косата.
Имаат повеќе калциум, фосфор и магнезиум од повеќето други намирници. Се верува дека овие минерали се важни за текстурата на косата.
Состојки:
Чиа семе – 4 чаши
Филтрирана вода – 1 чаша
Алое вера гел – 1 лажица
Етерично масло по ваш избор – неколку капки
Постапка:
Измешајте една чаша филтрирана вода со четири чаши семе во сад за мешање. Оставете ја смесата преку ноќ. Следниот ден, смесата префрлете ја на тенџере. Загревајте на средна топлина 10 минути. Чиа семето потоа се цеди.
Измешајте една лажица гел од алое вера. Нежно изматете. Додадете неколку капки од избраното етерично масло. Промешајте добро. Нанесете го гелот на влажна коса и оставете го 20 минути. На крај, добро исплакнете, пишува „Stylecraze“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.