Како настанаа расказите за Зоки Поки?

Задолжителната лектира во основните училишта потпишана од македонската писателка Оливера Николова годинава повторно се најде во фокусот откако Агенцијата за филм одобри над 300.000 евра за снимање на истоимена ТВ-серија
Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ е задолжителна лектира во основните училишта. Култното дело на македонската писателка Оливера Николова оригинално објавено во 1963 година од страна на „Детска радост“ годинава повторно се најде во фокусот откако Агенцијата за филм одобри 19 милиони денари за снимање на истоимена ТВ-серија, во режија на Александар Поповски, а во продукција на „Кино око“.


Николова пред неколку години за „1Е Магазин“ раскажа дека пред да ги напише расказите немала некој особен афинитет кон детската литература бидејќи ѝ се чинело дека не ја познава доволно детската психологија зашто сѐ уште немала свои деца. Во тој период пишувала репортажи и подготвувала емисии за деца во „Радио Скопје“.– На радиото се емитуваа кратки текстови за кои ми беше тешко да ги барам, да ги препечатувам, па почнав самата да си ги пишувам. Оттука се родија расказите за Зоки Поки – откри Николова.


Уште при првото издавање, книгата добила високи оценки од критиката како големо освежиување во македонската детска литература. Стилот на пишување и начинот на третирањето на темата биле сосема нови. Дотогаш во литературата наменета за најмладите преовладувале руралните теми или бајките. Наеднаш сите почнале да зборуваат за Зоки Поки, урбано дете кое со своите итроштини остана врежан во меморијата на многу генерации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.