Целта на разговорите е вашето дете во иднина да има одличен секс како дел од љубовната врска. Кога ние бевме деца, нашите родители не разговараа за тоа што се случува со нашето тело, па се информиравме од пријатели, списанија и книги. Сепак, денешните деца живеат со Интернетот, а родителите многу повеќе зборуваат со своите деца за овие теми. Во продолжение прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат полесно да разговарате со своите деца за сексот.
Како правилно да разговарате со машките деца за сексот?
1. Време
Најдобро е децата да ги добијат ваквите информации од вас, а не од Интернет, но треба да внимавате да не започнете да разговарате на таа тема премногу рано. Мора да одлучите кога ќе разговарате со вашето дете, но запомнете дека денес има многу извори на информации и одложувањето на разговорот нема да го заштити вашето дете од нив.
2. Само еден разговор не е доволен
Не е доволно само еднаш да разговарате со вашето дете за сексот. Некои теми треба да ги повторувате неколку пати годишно. Со текот на времето, разговорите на овие теми ќе бидат многу полесни.
3. Придржувајте се до дефинициите
Разговорот започнува со дефинирање на поимите. Сексот е интимен физички контакт во кој се вклучени гениталните органи. Темите како мастурбацијата исто така треба да бидат дел од овие разговори.
4. Вклучете ги своите емоции во разговорот
Многу е важно да се вклучи емотивната компонента кога станува збор за интимните односи. Денешните деца растат во свет каде што физичката интимност не вклучува емоции, барем не во многу случаи. Емоциите одат заедно со физичкото задоволство, па затоа треба да му помогнете на вашето дете да ги формира емоциите во зборови.
5. Злоупотреба и законски ограничувања
Се повеќе деца споделуваат голи фотографии на Интернет, а вие треба да му објасните на детето што да прави ако некој му побара голи фотографии. Исто така, треба да разговарате за силувањето, за дрогата, за алкохол и секоја тема заслужува посебен разговор. Вашето дете треба да знае колку влијаат алкохолот или дрогата врз донесувањето одлуки.
6. Не претпоставувајте дека децата знаат сè
Дури и ако вашето дете го учи тоа на училиште, гледа едукативни серии или има постар брат или постара сестра, проверете дали ги знае сите информации. Детето треба да се знае сè за деловите на телото, за контрацепцијата и за сексуално преносливите болести.
7. Фокусирајте се на љубовта, а не на стравот
Не зборувајте лошо за сексот затоа што целта е вашето дете да има одличен секс како дел од љубовната врска еден ден во иднина. Ако секогаш зборувате негативно за сексот, таквиот став може да резултира во чувство на срам. Затоа, зборувајте за љубовта.