Изгледа дека поголемиот дел од сопствениците на мачки погрешно ги хранат нивните миленичиња. Еден извештај од 2018-та година од Американската асоцијација на ветеринари ги покажува потребите на мачките кога станува збор за нивната исхрана.
Како правилно да ја храните вашата мачка?
Според извештајот, повеќето домашни мачки зависат од нивните сопственици за храна и тие јадат што сакаат, кога сакаат. Односно, повеќето мачки имаат чинија со храна која е постојано полна. Како резултат, мачката јаде помали оброци неколку пати дневно, без да се земат предвид индивидуалните потреби за енергија на мачката.
Наводно, ова е спротивно од еволуцијата на мачките и може да има негативни здравствени последици. Мачките се ловци и хранењето на овој начин не им дава „еколошка стимулација“. Исто така ова е причината што многу мачки стануваат дебели и ја намалуваат физичката активност, бидејќи самото јадење им станува активност. Кога се случува ова, можат да се појават низа проблеми, вклучувајќи и анксиозност, стрес и слично.
Од друга страна, во домаќинство со повеќе мачки, некои можно е да не добијат доволно храна бидејќи нивните браќа и сестри се посилни. Во овие домови, мачките можат самите да се ограничат на некои делови или соби поради нивните социјални врски, карактери и генетика. Некои мачки можат да одат во сите простории, додека некои имаат малку места на кои се чувствуваат безбедно.
Па како правилно да ја храните вашата мачка? Според Асоцијацијата, обидете се да ја храните на поприроден начин. На пример, можете да оставате храна низ разни локации од домот, така што ќе ја задоволите желбата на мачката да трага по храна. Истовремено, ќе го охрабрите вашето милениче да вежба.
Најдобро е да им давате на мачките мало количество храна, неколку пати во денот, наместо да оставите премногу храна во чинијата. Доколку чувате повеќе мачки, најдобро е да ги храните насамо. Ова ќе ја намали анксиозноста поврзана со здравствените проблеми. Исто така, храната оставајте ја понастрана од кутијата со песок.
Најдобро е да поставите одредена цел. Доколу вашата мачка е дебела или изгледа преслабо, разговарајте со ветеринар кој ќе ви помогне да одлучите што е најдобро за вашето милениче.