Како претседател можам да ги заокружам интегративните процеси на државата


Кандидатот за претседател Бујар Османи денеска изјави дека како министер за надворешни работи успеал да ги откочи најважните интегративни процеси за државата, а како претседател може да ги заокружи

Фото: фејсбук-профил на Бујар Османи

Се наоѓаме пред дилемата – дали интеграција или изолација, дали соживот или етнички тензии, дали прогрес или регрес. Ова го порача денеска кандидатот за претседател Бугар Османи кој го посети кривогаштанскиот и од долненскиот регион.

Османи рече дека каком кандидат на Европскиот фронт нуди интеграција и соживот.

„За жал, тие се двете понуди и јас сум среќен што можам во име на Европскиот фронт, најголемиот мултиетнички блок, да понудам интеграција за пет години соживот помеѓу етничките заедници, правда и еднаквост и можност секој граѓанин да сонува и да го оствари својот сон, независно од кое семејство потекнува, од која етничка припадност е, од социјална категорија, од село или град. Секое дете да може да сонува и тоа да го оствари, а државата да му помогне, а не да му попречи во тоа“,

рече Османи.

Османи изјави дека како министер за надворешни работи успеал да ги откочи најважните интегративни процеси за државата, а како претседател може да ги заокружи.

„Како министер за надворешни работи успеав да ја внесам земјата во НАТО, да ги отворам преговорите за членство во Европската Унија, да го започнам стратешкиот дијалог со САД. Ако тоа го успеав како министер, како претседател можам конечно да ги заокружам најважните интегративни процеси за државата конечно да вплови во европскиот начин на живот“,

изјави Османи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: