Добро ни е позната изреката: Снајди се, па живеј! На инвентивноста сепак и нема крај.
“Југо” со битолски регистарски таблички, паркирано пред една зграда во центарот на Скопје, заврши врзано со зимски ланци за држач за паркирање велосипеди.
Откако претходниот ден на возилото беше залепено предупредување “ПАРКИНГОТ Е НА СТАНАРИТЕ – ЈАС СУМ СТАНАР”, наредниот ден на истото возило осамна патпис “Дечки, не си интересен”, за да по неколку часа возилото добие ланци околу тркалото, пишува Вечер.