Како сопругата на Силвестер Сталоне го одржува виткото тело: Џенифер изгледа подобро и од своите деца благодарение на ова

Џенифер Флавин има 53 години и три возрасни ќерки, перфектна кожа и линија на тело на која сите завидуваат.
Џенифер Флавин постојано се грижи за тоа себеси да си дозволи доволно сон:
„Знам дека осум часа сон во денешно време е предизвик. Но, спијте колку што можете. Јас секој ден издвојувам по 30 минути нешто да прочитам или едноставно да слушам музика. Понекогаш е доволно само малку да седнете и да си ги средите мислите“.
За пиењето вода:


„Водата е главна во нашиот дом. Сите наоколу одиме со шишенца со вода. Особено во текот на летото. Јас имам навика да си ставам вода во поголема чаша и да ја пијам полека додека одам низ домот“.


За вежбањето:
„Обожувам да трчам или пак само да шетам рано наутро во соседството додека сите спијат или пак кога децата се на училиште. Понекогаш вежбам и во теретана или пак дигам тегови дома. Знам дека тоа е важно за моите коски“.


За заштитата од сонцето:
„Каде и да одам секогаш си носам крем за сончање со заштитен фактор. Сакам да бидам сигурна дека сум заштитена“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.