Како стојат на анкетите Бајден и Трамп една недела по претседателската дебата

Помина една недела од претседателската дебата во САД, а најновите анкети покажуваат дека Доналд Трамп има благо водство пред актуелниот претседател Џо Бајден.

Ова е стресен период за приврзаниците на Бајден, особено по неколку денови кога тој се соочува со се погласни барања и од партиските членови и од гласачите да се повлече од изборната трка.

Според последните анкети, 43 отсто од гласачите го поддржуваат Бајден, додека 49 отсто го поддржуваат Трамп.

Многумина со нетрпение го очекуваат интервјуто на Џо Бајден за ABC News, во кое се очекува тој конечно да каже дали останува во трката или се повлекува.

Бајден на почетокот на неделава ги отфрли сите гласини и најави дека не се откажува од кандидатурата, а потоа ја објави победата на изборите во ноември.

„Се кандидирам, никој не ме тера да го направам тоа. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рече Бајден.

Сепак, се чини дека анкетите покажуваат нешто сосема поинакво.

Внатрешните анкети нарачани од демократите покажуваат дека Трамп има поголема предност пред Бајден.

Каква е ситуацијата во клучните земји?

Политичките аналитичари сметаат дека Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин се државите кои ќе го одредат победникот на овогодинешните избори. Бајден ги освои сите освен Северна Каролина на последните избори.

Анкетите велат дека Трамп води во сите колебливи држави (т.н. swing state), од кои најмногу зависат резултатите од изборите.

Во Џорџија и Аризона, кои Бајден ги освои пред четири години, потоа во Мичиген, кој се најде во центарот на вниманието по војната на Блискиот Исток поради големото муслиманско малцинство, рејтингот на Бајден почнува да опаѓа.

Трамп има предност и во „помалку важни“ држави, како Њу Хемпшир, Вирџинија и Ново Мексико.

Пронајдете не на следниве мрежи: