Каков ви е куферот, таков ви е животот! Погледнете што кажува вашата патна торба за вас.
Торба со силни бои
Вие просто цветате кога сте во центарот на вниманието. Каде и да се појавите очекувате воодушевување и топло добредојде. Тоа очекување и не е сосема неосновано, затоа што вие сте ведра личност која им носи радост и свежа енергија на луѓето. Во вашето друштво вие сте личноста која ја започнува забавата и ги крева сите на нозе. Сепак, не го губите тлото под нозе и свесни сте дека светот не се врти околу вас, но сепак ги цените моментите кога тоа е така. Животот е фантастично патување – тоа е вашето мото.
Ретро торба/куфер
Вие сте исклучително детална личност која посветува големо внимание на секоја ситница. Во вашата глава се мора да биде уредно сместено во соодветната „фиока“. Се мора да биде класифицирано и дефинирано. Не поднесувате неизвесност во односите помеѓу луѓето. Заради тоа знаете да бидете многу јасни во изразувањето на вашите чувства и ставови и сте прилично искрена личност. Меѓутоа, луѓето не се секогаш подготвени за таков тип на отвореност. Вие сте романтична личност и поголемиот дел од слободното време го користите за идеализирање и сонување.
Обична спортска торба
Вам воопшто не ви е важен надворешниот изглед. Никогаш не ја цените книгата по кориците, туку ве интересира само тоа што е внатре. Вие сте практична личност и лесно е човек да се справи со вас. Не сте склони кон комплицирање на животот. Над се ја цените својата слобода, па заради тоа често имате конфликти со авторитети. Не признавате никаков закон, освен законот на своето срце, па затоа е можно одвреме-навреме да запаѓате во неволји. Никогаш не би поднесувале болка за убавина. Попрво би облекле нешто удобно, додека го посветувате вашето внимание на поважни работи.
Тренди куфер
Вие тотално сте залутале помеѓу обичните смртници. Гардеробата ја бирате директно од модните писти, затоа што обичниот шопинг е премногу обична работа за вас. Вам ви е битно што прават луѓето, а не кои се и какви се. Вашите врски со луѓето се прилично површни, затоа што секогаш се ставате себеси на прво место. Другите луѓе едноставно ви досадуваат со своите досадни животи. Љубовта ви трае колку и добриот маникир, а пријателките до оној момент кога ќе почнат да замараат за своите проблеми. Добрата страна е што во вас нема љубомора, затоа што немате ни на кого, ни на што да бидете љубоморни.
Куфер/торба со точки
Вие сте практични и брзи. Гардеробата и останатите работи ги купувате на распродажби и акии, затоа што не сакате да губите ниту време, ниту пари на секојдневни ситници и потреби. Сепак, не паѓате на евтини работи, затоа што знаете дека на долги стази тоа уште повеќе ќе ве чини, па затоа ги бирате квалитетните работи, откако ќе им падне цената. Секогаш барате начин како да си го олесните животот. Редовно ја чистите листата со пријатели на Фејсбук, редовно се ослободувате од алиштата кои долго не сте ги носеле и не чувате ситници по полиците и фиоките, затоа што мразите да бришете прашина. Вашето мото во животот и во односите со другите е: Чиста сметка – долга љубов.
Ранец
Вашето второ име е Авантура! Не им робувате на работите и се што ви е важно може да го собере на грбот и во џебовите. Живеете за движење и промени. Постојаното седење во едно место подолго од два месеци за вас е права робија. Сакате стрипови, се дружите со уметници, ги познавате си андерграунд луѓе и премачкани сте со сите бои. Вие сте снаодливи и подвижни и не ви треба многу за да бидете среќни. Патот под нозе, добро здравје, убаво време и по некој денар во џебовите е сосема доволно за да бидете насмеани. За вас не постојат препреки, туку само предизвици. Сепак, иако не барате многу, сепак тешко е да ве следи човек.