Вчера вечер во МТС салата во Белград беше организиран концерт на Калиопи, а непосредно пред почетокот на настанот на една жена од публиката ѝ се слоши, по што дојде брза помош, објавија српските медиуми.
Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.
Жената, која според пишувањата, има околу 70 години, била реанимирана на лице место, но безуспешно. Жената починала, како што објави „Блиц“.
Концертот беше откажан, а посетителите евакуирани.
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот… Во мое име и од целиот мој тим, изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро“, напиша Калиопи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.