Камерите на ГП Блаце биле со празни батерии кога Груби ја минувал границата со Косово, открива полициското соопштение со кое се известува дека ќе се покрене дисциплинска постапка за полициските вслужбеници кои требало да го запрат поранешниот вицепремиер на гграница.
Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07.30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите. Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК. – стои во објаснувањето на МВР.
Детали и целосното соопштение на МВР прочитајте го на линкот во продолжение: