Камила е позитивна на коронавирус, се огласија од Бакингемската палата

Британската кралица Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.

-По претрпените симптоми на настинка, Нејзиното Височество e позитивнa на тестот за коронавирус – се наведува во соопштението.

Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани, пишува Sky News.
Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон koe ја прослави својата стогодишнина и библиотеката Телфорд подоцна истиот ден. Сепак, во меѓувреме и се слоши, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.