Пред судот денес сведочеше сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.
Истакна дека имала неколку средби со Бојан Јовановски, а после втората средба и побарал пари. На втората средба, како што кажа Камчева, лично присуствувала и Катица Јанева.
-Со Јанева зборевме за децата. И кажував на која возраст се моите деца, таа ми кажуваше за нејзините. Ми рече дека благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод.
Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи, рече Камчева, која додаде дека Јанева и се заканила дека доколку нешто излезе од разговорите ќе знаела дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша нејзиниот сопруг.
Таа потенцираше дека не била присутна кога нејзиниот сопруг на Јовановски му дал 1 милион евра.
-Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сватив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски бидејќи тој ги имаше сите информации, рече Камчева.