Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата Ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау“ (C.D. Howe), во време кога официјалната статистика сугерира дека економијата во март е намалена за девет проценти.
Забавувањето на економијата покажува дека е време да се прогласи рецесија, според влијателниот канадски институт.
„Членовите се согласија дека со примена на методологијата на Советот со првичните расположливи податоци, Канада влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година“, се вели во соопштението на Советот.
Извештаите покажуваат дека повеќе од милион работни места биле изгубени во март, а првичната проценка на Канадското биро за статистика сугерира дека економијата се намалила за девет проценти, бидејќи фабриките низ целата земја не работат.