Жител на Канада заработи 66 милиони канадски долари (42,6 милиони евра), откако го освои божиќниот џекпот на канадската национална лотарија „Лото Макс“, што претставува досега најголема заработка на игрите на среќа во земјата.
Добитните броеви беа 7, 21, 23, 31, 34 и 45,со дополнителен број 37.
Компанијата организатор на лотаријата О-Ел-Џи информира дека добитното ливче било уплатено во провинцијата Онтарио.
Покрај џекпотот, на синоќешното извлекување биле поделени и 20 од 48-те утешни награди. чија вкупна вредност изнесува еден милион канадски долари (646.800 евра).
Досега најголемиот џекпот во историјата на игри на среќа во Канада, во износ од 64 милиони кандски долари (41,4 милиони евра), беше исплатен во октомври 2015 година на лотото „6 од 49“.