КАНДИДАТОТ ПОЧИНАЛ АМА ГИ ДОБИЛ ИЗБОРИТЕ СО 86% ГЛАСОВИ: Чудо во Пенсилванија

Демократот Тони Де Лука (85) почина од лимфом на 9 октомври, а дотогаш беше предоцна да се сменат гласачките ливчиња.

Тони ДеЛука го претставуваше 32-от округ на Пенсилванија во предградието на Питсбург 20 години. Пратеникот од Пенсилванија беше реизбран со убедлива победа во вторникот, според прелиминарните резултати објавени од локалните медиуми, иако тој почина минатиот месец по релапс на рак.

КАНДИДАТОТ ПОЧИНАЛ АМА ГИ ДОБИЛ ИЗБОРИТЕ СО 86% ГЛАСОВИ: Чудо во Пенсилванија

Демократот Тони Де Лука почина на 9 октомври на 85-годишна возраст од лимфом, а дотогаш беше предоцна да се сменат гласачките ливчиња.

Локалниот претставник, кој 20 години го претставуваше 32-от округ на Пенсилванија во предградието Питсбург, во долниот дом на државата, беше реизбран со 86 отсто од гласовите, откако беа преброени 98 отсто од гласачките ливчиња.

По ваквата одлука на гласачите, изборите мора да се повторат.

„Длабоко сме тажни поради загубата на пратеникот Тони Де Лука, но и горди што гласачите ја покажаа својата доверба во него и неговата посветеност на демократските вредности со неговиот постхумен реизбор“, соопшти раководството на Демократската партија на Пенсилванија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.