Непознат пакистански државјанин влегол во турската амбасада во Вашингтон и донирал 30 милиони долари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, соопшти денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Шариф на Твитер, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој нагласи дека тоа е „величествен пример за филантропија што му овозможува на човештвото да триумфира над навидум непремостливите пречки“.
Бројот на загинати во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи на 28.192 лица, соопштено е синоќа.
Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица.

Бројот на загинати расте
Бројот на загинати во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи на 28.192 лица, соопштено е синоќа.
Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица.
Досега е потврдена смртта на 3.575 лица во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација Бели шлемови.
Според сириските медиуми, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.