Јелена Карлеуша рано утрово го посети гробот на својата мајка по повод 8-ми март.
Пејачката со својот автомобил пристигна на гробиштата каде Дивна Карлеуша беше погребана на 6 март.
Таа пристигна заедно со сестрата на Дивна, Даниела, а Јелена на гробот на својата мајка оставила и црвени ружи.
Таа плачејќи извикувала дека и недостигна нејзината мајка, додека тетка и Даниела го средувала гробот и палела свеќи, пренесуваат српските медиуми.
Инаку фановите се загрижени за здравјето на пејачката кое е влошено по смртта на нејзината мајка.