Покрај Јелена се огласија и голем број познати личности
Повеќе од 2.300 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, кој во текот на ноќта ги погоди Турција и Сирија и ги израмни населените места.
Светот е потресен од настаните, а на социјалните мрежи се шират тажни фотографии и видеа, додека корисниците даваат зборови на поддршка. Силен земјотрес го погоди и Истанбул.
Во оваа прилика зборуваше и пејачката Јелена Карлеуша.
Срцето ми се кине кога ги гледам сцените од земјотресот од Турција. Српскиот народ е со турскиот народ во овие тешки денови и ние се молиме за вас – напиша таа.
Покрај Јелена, се огласија и голем број познати личности, меѓу кои Војаж, Слоба Радановиќ, Емина Јаховиќ…