Пред неколку дена Дара Бубамара одржа спектакуларен концерт во „Штарк Арена“, a голема прашина пред концертот се крена за нејзиното смирување со Јелена Карлеуша која беше гостин на концертот.
Јеца и Дара ја крена Арена на нозе кога заедно на сцена го отпеаја хитот „Галама“.
Неколку дена пред тоа, тие снимија ексцентрично видео кој се емитуваше на екраните во Арена додека ја пееја песната. Во спотот тие се шегуваат за нивната „кавга“ кој настана поради француски бренд, па Дара на почетокот на спотот ја повикa „професорката“ Карлеуша да ја научи како правилно треба да изговори.
Во провокативни костими кои повеќе откриваат од што покриваат русокосите пејачки направија вистинска „галама“, особено учителката.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.