Кастинг за избор на актерска екипа за претставата „Глад“






Во понеделник на 17 јуни со почеток од 11 часот ќе се одржи кастинг за избор на актерска екипа за претставата под работен наслов „Глад“, која ја работи авторскиот тим што го сочинуваат Хана Миленковска, Калија Киселички и Ади Имери. 

Се бараат 5 актери кои ќе ги исполнат следниве критериуми: да имаат минимум 20 години, солидна работна етика, љубопитност кон нови формати на создавање изведбена уметност, отвореност кон запознавање на сопственото тело и алатки на современ танц и физички театар, основни познавања на солфеж и ритмика и достапност за работен процес во времетраење на пробите и планираните изведби од септември до ноември , околу 45-60 работни денови.

Заинтересираните за кастингот треба да испратат мејл на [email protected] при што ќе им бидат проследени потребните детали и инструкции.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: