Катица прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од пред два дена е во притвор во затворот “Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, дознава “Скопје1.мк“.
Според извори на порталот Јанева била во лоша здравствена состојба уште пред да замине во истражниот затвор. Таа во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. Во “Шутка“, пишува во текстот на Скопје1.мк, била на преглед и кај затворскиот лекар.
Брза помош интервенираше и кога Јанева беше на распит во Кривичниот суд, а на проблеми со здравјето се пожалила и вчера кога отпатува на погребот на мајка си во Гевгелија. Јанева присустввуаше само на простувањето во капелата, а потоа, по половина час, со полициска придружба беше вратена во затворот во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.