КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ ПОМИЛУВАНА? Поднела молба, комисијата расправала

Катица Јанева се наоѓа на списокот со осуденици кои чекаат да бидат помилувани од страна на претседателот Стево Пендаровски.

КАТИЦА ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ ПОМИЛУВАНА? Поднела молба, комисијата расправала

Оваа информација неофицијално ја потврдиле два независни извора од Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот. На последната седница на Комисијата, се расправало за слободата на Јанева, одржана пред една недела.

– Точно е дека осуденичката Катица Јанева поднела барање за помилување. Нејзината молба пристигна во Комисијата за помилување и таа беше разгледувана пред само една недела. Молбата помина, нова седница немаме закажано, па конечната одлука треба да ја донесе лично претседателот Стево Пендаровски изјавија од Комисијата за помилување.

Јанева е осудена на 7-годишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.

Сега таа работи како библиотекарка во библиотеката на затворот „Идризово“ и ги користи другите поволности коишто ѝ ги овозможува затворскиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.