Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства, информираа од полицијата.
С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.