Иако повеќето очекуваа Кајли да блесне во луксузен фустан, таа сепак се одлучи за црн комбинезон кој привлече големо внимание.
Со ваквиот избор на комбинезони таа ги истакна сите атрибути, а проѕирниот материјал откри дека не носи долна облека.
Покрај овој модел, таа носеше и црна луксузна бунда, која ја искомбинира со црни потпетици, црвен кармин, а косата ја врза во пунџа.
Едно е сигурно, а тоа е дека Кајли одлично се забавувала на новогодишната ноќ во која уживала со сестра ѝ Кендал Џенер и нејзината пријателка Хејли, бидејќи овој комбинезон не е за досадните, туку за храбрите и смелите.