Кенеди: Одлуката на Бајден да ги мобилизира резервните сили значи подготовка за војна против Русија

Кандидатот за претседател на САД, Роберт Кенеди Јуниор, одлуката на актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден за мобилизирање на резервните сили ја оцени како подготовка за војна против Русија.

„Бајден штотуку повика 3.000 резервисти за да ги зголемат американските сили во Европа како дел од операцијата „Атлантска решителност“.

Сакам луѓето да разберат за што е оваа мобилизација. Ова е подготовка за копнена војна со Русија“, рече Кенеди, а пренесува РИА Новости.

Претходно медиумите објавија дека Бајден ја овластил армијата да повика 3.000 резервисти чија задача ќе биде да ги поддржуваат операциите во Европа.

Поранешниот американски лидер Доналд Трамп на 14 јули изјави дека Бајден ја турка земјата во трета светска војна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.