Кејт Мидлтон во најгламурозното издание досега

Војводата и војвотката од Кембриџ вчера прошетаа по црвениот тепих на „Royal Variety Performance“ во Лондон, а како и вообичаено, сите погледи биле насочени кон Кејт Мидлтон и нејзиниот моден избор.
Идната кралица блескала во гламурозен смарагднозелен фустан со светкави детали кој го потпишува британската дизајнерка Џени Пекам.


Кејт уште еднаш го оправда својот прекар „штедлива војвотка“ со оглед на фактот дека претходно ја носеше оваа прекрасна тоалета во текот на официјалната посета на Пакистан во октомври 2019 година.
Оваа елегантна, раскошна креација ја красат истакнати рамена, благ сирена крој, а по целата должина е проткаена со мали, зелени светкави детали. Во пределот на градите и струкот, како и на рабовите на ракавите има додадено и кристали.


Убавата 39-годишна Мидлтон го заокружила изгледот со чанта во истата боја, прстен со смарагд и ефектни златни обетки, а за гламурозниот изглед придонесе и нејзините холивудски локни.
Кројот на оваа креација ѝ ласкал на фигурата на Кејт, истакнувајќи го нејзиниот тенок струк.
Како ви се допаѓа ова издание на славната војвотка?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.