Кејт Мидлтон одби да им даде автограм на деца, па им објасни: Не смеам да се потпишувам

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон ги изненади луѓето кога одби да даде автограми на собир во Лондон.

Имено, Кејт Мидлтон неодамна присуствуваше на Цветниот саем на Челзи во Лондон, каде имаше пикник со присутните деца. Љубопитните деца побарале автограм, но таа морала да ги одбие нивните желби.
Принцезата од Велс е позната по својата пристојност, па овој потег изненади многумина. Сепак, членовите на кралското семејство не смеат да потпишуваат автограми за да се спречи ризикот од фалсификат.
-Моето име е Кетрин. Не смеам да се потпишам, тоа е само едно од тие правила. Не можам да си го напишам името, но можам да цртам, им објаснила на децата кога од неа побарале автограм.

Иако на кралското семејство не му е дозволено да потпишува автограми, кралот Чарлс еднаш го прекрши протоколот во 2010 година, кога потпиша за жртва од поплавите, пишувајќи „Чарлс 2010“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.