КИДНАПИРАНИ КАКО ВАЊА ИМААТ ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕАТ САМО 4 ЧАСА; Еве што вели творецот на српскиот Центар за исчезнати лица

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел да понуди некоја конкретна помош.

Во серијата написи во српските медиуми, каде грабнувањето и трагичното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски е на сите насловни страници, се огласи и Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца, татко на убиената Тијана Јуриќ (15) на сличен начин, кој оцени дека животниот век на детето во вакви случаи обично е до четири часа живот.

(Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на Трамп
Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник …
Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник …

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел да понуди некоја конкретна помош.

-Се обидов во неколку наврати пред се да стапам во контакт со мајката на Вања и да поразговарам со неа и да видам како можеме да пружиме помош. За жал, не успеав и сега ми е уште потешко поради тоа. Имаше секако интерес на македонските медиуми, пред се нивните интереси се сведуваа на системот што неодамна го воведовме кај нас во Србија поврзан со брза и ефикасна потрага и известување на јавноста во случајот со исчезнати деца и тоа беше тоа. За жал, имав можност да се информирам исклучиво како огромното мнозинство граѓани на Србија преку медиумите, рече Јуриќ и додаде дека случајот на Вања потсетува на оној на неговата Тијана (15), киднапирана, силувана и убиена пред 9 години.

Тој верува дека има многу сличности и дека она што е речиси идентично со случајот на неговата ќерка е тоа што кога станува збор за криминално киднапирање, постои една статистика која е целосно незапирлива.

-Тоа е дека животниот век на детето обично е до четири часа живот и тоа се покажа и во случајот со ова девојче, колку што можам да заклучам дека многу брзо го загубила животот во истиот ден од моментот кога била киднапирана. Така беше и со нашата Тијана и затоа таа брза и ефикасна потрага е повеќе од важна, изјави Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.