СОВЕТНИКОТ на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека откако Киев се договорил со Западот за набавка на тенкови, следниот чекор е да се постигне договор за набавка на авијација и ракети кои се потребни за напад на Крим.
Како што рече, станува збор за ракети со долг дострел кои би можеле да ја уништат руската инфраструктура лоцирана зад линијата за демаркација, а пред се магацини со артилериско оружје и муниција.
- Многу голем број од тие магацини се наоѓаат на Крим, затоа ни се потребни тие проектили, но и авијација – посочи Подољак.
Тој исто така рече дека на Украина и се потребни меѓу 350 и 500 тенкови и дека периодот на испорака на тие тенкови треба да биде што е можно пократок – до два месеци.
- Се надевам дека сите разбираат дека секој ден што минува е ден што го плаќаме со крв. Затоа сè треба да се случи многу побрзо – додаде тој.