Плус сајз манекенката Тес Холидеј објави видео каде буквално нејзините килограми исчезнаа, односно таа е згодна девојка во новото видео. Фотографиите го покажуваат нејзиниот нов изглед во спротивно на она кое што го промовира и на кое сите се прилагодени да ја гледаат.
Сепак, Холидеј открила за магазинот “People” дека станува збор за апликација која ги покажува совршените димензии на луѓето, а нејзината фотографија била “украдена” без нејзино знаење и дозвола за преземање.
“Оваа апликација има огромен број на корисници, но не биле многу интелигентни кога ја преземаа мојата фотографија за да ја обработуваат”, напиша на својот профил манекенката која е горда на своите килограми од кои со години заработува за живот.
Таа признала дека бурно следи и одбира што ќе промовира, дека не се залага за жените кои ќе ги имаат сите совршени црти на лицето и телото. Токму поради тоа повторно истакна колку е важно да се прифатиме такви какви што сме, да се цениме и почитуваме без разлика како изгледаме.
“Нема потреба за вакви апликации. Секако е важно вниманието, нежноста и љуовта таква каква што е навистина”, вели манекенката.