Дека Ким е една од најбогатите инфлуенсерки некогаш, можеме да забележиме и по нејзиниот последен аутфит.
Имено, на приватна прослава во “West Hollywood”, Ким облекла капут со принт од американски долари и чизми кои наликуваат на чорапи, со истиот принт.
Ким со оваа необична дневна комбинација, искомбинирала ташна која изгледа како торбичка за пари.
Единствено нешто што било колку-толку едноставно, била нејзината фризура, која била врзана во коњски реп и шминка, која нејзиниот шминкер ја задржал во неутрален спектар.