Кина очекува економски раст од 7,5 отсто

Кина објави дека ќе ја зајакне фискалната потрошувачка во 2013 година во обидот да се достигне економски раст од 7,5 годишно, изјави во вторникот кинескиот премиер на заминување Вен Џиабао, во говорот подготвен по повод отворањето на годишното заседание на парламентот, пренесе Reuters.

 Премиерот Вен Џиабао рекол дека Кина оваа година планира дефицит од 1,2 трилиони јуани (192,8 милијарди американски долари), или околу два отсто од бруто домашниот производ (БДП) Тоа е значително повеќе од минатогодишниот дефицит од 850 милијарди јуани кој изнесуваше од 1,6 отсто од БДП.
Зголемената побарувачка и одобрувањето на 150 милијарди долари за клучните инфраструктурни проекти во втората половина на 2012 година помогна во забавувањето на растот кој од 7,8 отсто претходната година падна на 7,5 отсто што е најнискиот раст во последните неколку години.
Клучните поттикнуваа се во железницата, па Кина оваа година планира да стави во употреба 5200 километри од новите железнички линии, се наведува во текстот на Комисијата за национален развој и реформи. Во посебниот извештај, министерството за финансии објави дека ги зголемило квотите за обврзниците коишто ги издаваат единиците на локалната самоуправа на 350 милијарди јуани во 2013 година. Минатата 2012 година, тој износ беше 250 милијарди јуани.
Макфакс
Кина објави дека ќе ја зајакне фискалната потрошувачка во 2013 година во обидот да се достигне економски раст од 7,5 годишно, изјави во вторникот к

Пронајдете не на следниве мрежи: