Кина развила брз тест за коронавирусот- до резултати за само 15 минути

Кинеските научници наводно развиле експресен тест што за помалку од 15 минути може да го открие новиот коронавирус.
Руските медиуми пренесуваат дека се очекува ваквиот тест да помогне во сузбивањето на ширењето на коронавирусот.
Експертите на технолошката компанија од Васију, во источната провинција Џангсу, соработувајќи со Националниот институт за контрола и превенција на вирсуните болести, за само 10 дена развиле комплет за брз органски тест, јави агенцијата Ксинхуа.
На тестот му се потребни меѓу осум и 15 минути да го покаже резултатот и тој веќе масовно се произведува, дури 4.000 парчиња дневно. Градските власти на Васију, меѓутоа, ја истражуваат можноста ова производство дополнително да се зголеми.


Првите комплети од овој тест наводно веќе се доставени во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеј, што е епицентар на коронавирусот.
Бројот на починати од новиот коронавирус и натаму расте, како и стапката на заразени низ светот.
До денеска починаа најмалку 213 лица од последиците на инфекцијата од коронавирусот, а дури 9.700 се заболени.
Коронавирусот се манифестира со респираторни тешкотии и заедно со еболата и САРС-от спаѓаат во таканаречените зоонотски вируси, односно се пренесуваат од животни на луѓе.
Претпоставка е дека вирисот се појави на пазар за живина во Вухан, а некои претходни извори наведуваат дека можеби има потекло и од живи змии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.