Кина утре ја дочекува лунарната Нова година

Невидениот сообраќаен метеж почна уште пред два дена, а сега е на врвот. Половина милијарда луѓе се во движење поради кинеска Нова година. На наплатаната рампа во Гванжоу за еден ден е урнат милионскиот рекорд.
Според информациите на Министерството за сообраќај , 550 милиони луѓе ќе патуваат за Нова година. Кинезите ги напуштаат големите градови во кои работат и одат кај своите семејства за како што налага традицијата заедно да ја пречекаат Новата година.
Кинеската Нова година, која овојпат е Година на свињата, почнува на 5 февруари.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.