Кина ја осомничи компанијата Кока-Кола за илегални геодетски снимања

Управата за картографија и геолошки информации на Кина, спроведува истрага за американската компанија „Coca-Cola”, која е осомничена за спроведување незаконски геодетски снимања, пишува во петокот кинеската новинска агенција Синхуа.

 
Според официјалната државна агенција, филијалата на „Coca-Cola” во јужната кинеска провинција Јунан е осомничена за незаконско собирање и незаконско користење геолошки информации.
Претходно во четвртокот, западните медиуми објавија дека локалните власти се сомневаат дека компанијата „Coca-Cola” без ненадлежност го користела навигацискиот систем GPS. Според обвинението, коешто компанијата брзо ги негираше, „Coca-Cola” спроведувала незаконско прибирање геолошки информации во југозападниот дел на провинцијата, каде што таа се граничи со државите Мјанмар, Лаос и Виетнам.
Истовремено, според Синхуа, функционери на провинцијата Јунан ги негираат ваквите информации. „Ние не распространивме слични информации и не ја знаеме причината за нивното појавување во медиумите”, го цитира агенцијата претставникот на локалните власти Хан Цисјан.
Од компанијата „Coca-Cola” објавија дека се подготвени да соработуваат со властите за да се разјаснат околностите во оваа ситуација. Компанијата убедува дека ги користи електронските карти само за оптимизација на логистиката и навремена испорака на своите производи до клиентите.
Според сегашните закони во Кина, на странските компании и поединци им се забранети вршења геодетски истражувања без соодветна дозвола. Прекршителите на ова правило се соочуваат со протерување од земјата, конфискување на опремата и парична казна од 10 до 500 милиони јуани, односно од 1.600 до 80.600 американски долари.
Макфакс
Управата за картографија и геолошки информации на Кина, спроведува истрага за американската ко

Пронајдете не на следниве мрежи: