Кифлички со сирење

Потребни состојки:
400 г брашно
1 сув квасец
1 мала лажичка прашок за печиво
1 белка
120 г кисела павлака
50 мл масло
100 мл млака вода
За полнење на тестото:
200 г фета сирење
1 јајце + 1 белка
2 лажици кисела павлака
За премачкување:
1 жолчка, малку млеко, сусам
Начин на подготовка:
Промешајте го брашното со сувите состојки и лажица и промешајте убаво, додајте ги сите состојки и соединете го тестото.
Подгответе тава обложена со хартија за печење. Соединете ги состојките за филот. Поделете го тестото на 2 еднакви дела. Измесете поголем круг и исечете го на осум триаголници. На секој дел ставете по една мала лажичка од филот и замотајте ги како кифлички.
Направете го истото и со преостанатото тесто. Премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко, наросете ги со сусам и ставете ги во студена рерна. Вклучете ја на 200 степени и печете ги кифличките додека да добијат златеста боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.