Кланица на Днепар! Што фрлија Русите?! Видео од страшното уништување од Украина ги запали мрежите!

Руските воени дописници објавија видео од моќен воздушен напад врз местото на распоредување на Вооружените сили на Украина на десниот брег на реките Днепар.

Судејќи според силината на експлозијата, воените дописници шпекулираат дека најверојатно тоа е удар на руска паметна бомба ФАБ-500.

Руските бомби ФАБ-500 М62 станаа „одговор“ на бомбите ЈДАМ кои ги добија украинските воздухопловни сили. Со нивна помош, бомбардерите Су-24 и Су-34 успеаја да уништат цели на оддалеченост од над 50 километри, без да навлезат во областа што ја покриваат силите за воздушна одбрана на Украина.

Да потсетиме, руските сили почнаа да дејствуваат на украинските позиции со бомбата ФАБ-1500 М54 од еден и пол тон, со унифициран модул за планирање и корекција на бомбите.

Исто така, рускиот воен дописник Александар Сладков изјави дека Русија во својот арсенал има воздушна бомба од 9000 килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.