Климатските промени ќе го обојат Антарктикот во зелено

Делови од Антарктичкиот Полуостров ќе ја променат бојата, бидејќи „зелениот снег“ предизвикан од цветните алги се очекува да се шири со зголемувањето на глобалните температури, покажува новата студија.
Иако честопати се смета за лишен од растенија, Антарктикот е дом на неколку видови алги кои растат на дождлив снег и вшмукуваат јаглерод диоксид од воздухот.
Истражувачите од Универзитетот Кембриџ и Британското антарктичко истражување ги комбинирале сателитските снимки со набљудувања од земја за да го следат моменталниот степен на зелените алги на најбесплодниот континент во светот. Тие идентификуваа повеќе од 1.600 одделни зелени алги на снегот на полуостровот со вкупна површина од 1,9 квадратни километри.
– Иако нивниот број е релативно мал во светски рамки, на Антарктикот, каде има толку малку растенија, оваа количина на биомаса е многу значајна, рече Мет Дејви од Катедрата за растителни науки во Кембриџ.


– Многу луѓе мислат дека Антарктикот е само снег и пингвини. Всушност, кога ќе погледнете по периферијата, има многу растителен живот, рече тој.
Тимот проценува дека алгите на полуостровот моментално апсорбираат нивоа на СО2 што е еквивалентно на 875.000 просечни патувања со автомобили. Откриле и дека повеќето цветања на алги биле на 5 километри од колонијата на пингвини, бидејќи изметот од птици е одлично ѓубриво.
Поларните региони се затоплуваат многу побрзо од другите делови на планетата, а тимот предвидува дека пониските региони на Антарктикот наскоро ќе бидат без алги бидејќи летата се без снег. Но, оваа загуба најверојатно ќе биде компензирана со доминацијата на големи цветни алги со зголемувањето на температурите и снегот на повисоки височини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.