Клиничката болница во Битола е полна, од утре пациентите ќе се праќаат во Охрид
Филипче денеска на прес конференцијата извести и за состојбата на болницата во Битола. Веќе нема место во Клиничката болница во Битола и затоа од денеска пациентите ќе се праќаат во болницата во Охрид.
На истата прес конференција Филипче изјави и дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба:
Филипче: Нема потреба од продолжување на вонредната состојба
Филипче смируваше дека здравствениот систем е стабилен и има доволно слободни капацитети во другите болници доколку за тоа се појави потреба. Во болницата „8 Септември“ има само 50 пациенти, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети – изјави тој.
Места има и на Инфективната клиника каде во моментов се хоспитализирани 81 пациенти од вкупно 110 кревети. А по потреба пациенти ќе прими и монтажната болница која има капацитет од околу 70 кревети.
Состојбата денеска со КОРОНА ВИРУСОТ во Македонија подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.