Клои Кардашијан го прости неверството – Планира да има уште едно бебе со поранешниот сопруг!

Клои Кардашијан (36) нема многу среќа со мажите. Бракот со Ламар Одом беше полн со агонија поради неговата зависност од опијати, но и многу прељуби. Додека таа внимателно го чекала дома, тој бил во врска со уште неколку жени.
Поради неговата сериозна здравствена состојба, таа остана со него. Но, бракот беше осуден на пропаст, и покрај нејзините напори да останат заедно.


Кога Тристан Томпсон влезе во нејзиниот живот, сите помислија дека Клои конечно ја најде среќата. Но, на денот на нејзиното раѓање, на Интернет започна да кружи видео на кое Тристан се бакнува со некоја непозната жена.
И тука Клои се обиде да го спаси она што не беше за спасување. По нешто помалку од една година, Тристан повторно ја изневери Клои, и тоа со нејзината пријателка
И сега, по две години, Тристан и Клои планираат уште едно дете. А, брак?
„Сè зависи од тоа дали Тристан ќе остане на својата страна од договорот“, вели добро информираниот извор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.