Клонирање на миленици во Кина за сопствениците да не тагуваат

Во лабораторија во Кина се клонираат мртви домашни миленичиња за сопствениците да не тагуваат. Минатата недела се клонирало првото маче, наречено Гарлик, пренесува „Метро“.
Сопственикот на Гарлик, 24-годишниот Хуанг Ју, плати за процедурата откако не можел да се помири со смртта на своето милениче. Синогене наплаќа 28.600 фунти за да клонира маче, а 43.500 за да рекреира куче.
Дваесет и четиригодишната Хју Хуи позајмила од своите родители 28.000 фунти за да го клонира Хјаоди. Таа посакала да го рекреира миленичето купено во Шкотска во летото 2013 година, откако тоа починало од болест во април оваа година. Таа платила околу 230 фунти за погреб на миленичето, а сега планира следните четири години да се посвети на тоа да ги врати парите кои ги зела од родителите за клонирање. Мајката и таткото биле шокирани од нејзината сугестија.


– Не сум многу богата и обично сум штедлива. Кога моето куче Хјаоди почина, немавме некоја голема погребална церемонија – кажала таа.
Заменик претседателот на Синогене, Жао Џианпинг изјавил оти клонот на Хјаоди се очекува да биде роден следниот месец.
Синогене за првпат се најде на насловните страници во мај 2017 година, кога го клонира првото куче во Кина, наречено Лонг Лонг. Оттогаш, компанијата има клонирано повеќе од 40 животни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.