Коалицијата СДС-ДПМНЕ премолчува одлевање на 250 илјади евра за новогодишно украсување во Охрид?!

Од 2012 до 2023 година, локалните коалиции во Охрид потрошиле петнаесет милиони денари или двесте и педесет илјади евра за изнајмување на новогодишни сијалички и светлечки материјали. Овие реквизити се изнајмени од Друштво за трговија, производство и услуги „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ ДООЕЛ“ увоз-извоз Скопје, додека другиот дел го спроведува ЈП „Комуналец“ – Охрид, реагираат од Левица ЛО Охрид.

Економист: Израел подготвува копнена офанзива на Либан
Израел подготвува копнена офанзива во Либан која би вклучувала заземање тампон-зона која ќе се протега на неколку километри територија северно од границата, објави, британски Економист, повикувајќи се на воени извори. Израелската …
Осум знаци дека сте изградиле доверба во врската
Сексологот Тим Лот вели дека постојат три важни аспекти за секоја успешна врска: комуникација, почитување и доверба. Да стекнете доверба можеби е и најтешкото нешто од овие три работи. Овие осум …

Низ годините наназад, вработените во Општина Охрид, предводени од двоецот СДС-ДПМНЕ ако умееја мудро да управуваат со парите, можеше до сега да направат многу повеќе за празничниот божиќен амбиент и да набават украси и реквизити кои ќе останат трајно во сопственост на општината. Со изнајмувањето на сијалички секоја година континуирано, локалните моќници го заштитуваат бизнисот на „МЕТАЛ-ВАТ-ЕЛ“ и сопствените интереси. Овој начин на делење на тендери дополнително е доказ за недомаќинското трошењето на парите од страна на кадрите на СДС и ДПМНЕ, без да се земат предвид реалните потреби и приоритети на охриѓани, велат.

Наведуваат листа од последните 9 години кои изнесуваат 211.864 евра:
2015год – 22,869 евра;
2016год – 23,024 евра;
2017год – 16,249 евра;
2018год – 30,292 евра;
2019год – 28,942 евра;
2020год – 20,600 евра;
2021год – 20,600 евра;
2022год – 20,536 евра;
2023год – 28,752 евра.

Со вакво нерационално работење, секоја година се одлеваат пари од општинската каса во приватните џебови, наместо јавните претпријатија да ги зајакнат своите капацитети во обезбедување услуги на граѓаните. Левица јавно го повикува Градоначалникот на Општина Охрид за наредното новогодишно украсување да ги користи само јавните претпријатија, а се’ што недостасува како реквизити за украсување, да биде купено и да остане во сопственост на градот, велат од Левица ЛО Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.