Премиерот Ковачевски вечерва во Охрид се сретна со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
На средбата, на која присуствуваa и амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски ја истакна поддршката на Владата на Република Северна Македонија на дијалогот помеѓу Белград и Приштина во насока на целосно утврдување на патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти владината прес-служба.
Премиерот ја нагласи важноста од изнаоѓање на решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог.
Заеднички е констатирано дека со својата принципиелна надворешна политика базирана на дијалог и компромис во функција на напредок, Северна Македонија како домаќин на овој настан е препознаена како кредибилен партнер на меѓунардоната заедница.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.