Ковачевски: Што бараше опозиционерот Жоро Димитровски на средби со Палевски?!

По докажувањата на јавна сцена за тоа чиј е Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговор на ова прашање побаравме од премиерот Димитар Ковачевски кој е гостин во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Од ВМРО-ДПМНЕ деновиве велат дека „власта на СДСМ, водена од партиски интереси, негува монструозен лик како Палевски, кој прераснал во Франкенштајн“. Од друга страна, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не одговори на прашањата зошто се среќавал со Палевски и што разговарал на тие средби.

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 57.8559 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 73.7235 денари.
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно, уште од утрото со слаб дожд, а потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен …

Премиерот и претседател на СДСМ на оваа тема вели:

„Видете, јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа едно ќе ви кажам. Кој ми правеше на мене гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата којашто сакаше да влезе во зградата на Владата при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беше и тој Палевски што го спомнувате и претседателот на Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие коишто цела година тоа го организираа“.

На прашање зошто Палевски не е санкциониран иако, во серијата кривични и прекршочни дела, во мај годинава е фатен како носи пиштол за којшто немал дозвола, Ковачевски вели дека тоа се прашања за истражните и правосудните органи. Посочи и дека „истата таа група“ правела монтирани видеа на „Тик-ток“ и од неговата малолетна ќерка, а праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.

Ковачевски: Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на „Тик-ток“ со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?

360°: Која Либерално-демократска партија?

Ковачевски: Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.

360°: Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.

Ковачевски: Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?

360°: Амбасадорот во Словенија?!

Ковачевски: Што правеле на состаноци, што разговарале?

360°: За амбасадорот во Словенија зборувате?

Ковачевски: Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори.

360°: На кого алудирате, кого примаат таму на гости?

Ковачевски: Мора еднаш истражните и правосудните органи во оваа држава да ги идентификуваат сите коишто работат против интересите на државата и на институциите на државата, коишто се под влијание на странски агентури, кои шират хистерија и коишто прават сè, оваа држава да не може да продолжи во нормален евроинтеграциски процес.

Премиерот одбегна да одговори на дополнителните потпрашања дали кога зборува за екс-лидер на ЛДП мисли на актуелниот амбасадор на земјава во Словенија, Горан Милевски, и за тоа кои луѓе оделе на гости во француската амбасада во Скопје. Генерален секретар на Демократски сојуз, пак, и минатата година и сега е Зоран Димитровски.

Инаку, Палевски е првоосомничен во двата засебни, но поврзани случаи на грабнување и убиство – прво на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, а потоа и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој успеа да ја напушти државата пред органите на прогонот да поведат постапка против него.

Првично, Палчо со неговиот адвокат Васко Стојков заминал за Белград, Србија, а потоа, со друг возач – Стефан Димковски од Струмица, кој е негов пријател, успеал од Србија преку Бугарија да стигне до Турција.

По распишувањето меѓународната потерница, Палевски беше фатен во градот Баликесир во Турција.

Покрај него и возачот Димковски, осомничени за убиствата се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Се товарат за две кривични дела грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничен е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал при грабнувањето на девојчето, давајќи информации во колку часот неговата ќерка ќе излезе од дома.

Сите се во притвор, освен Палевски, за кого Министерството за правда денеска испрати барањето за екстрадиција и наведе дека очекува позитивен одговор од Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.