Денес ќе се однесувам како тебе.
Денес ќе го посветам своето време и ќе им одговорам на сите твои пораки. Прво ќе ги проверам сите мои мејлови, па потоа својот Фејсбук и Инстаграм, а потоа, по неколку часови, кога ќе пројдам се што е на мојот список, дури тогаш ќе ти одговорам нешто…
Денес ќе дојдам до точката кога ќе ги лајкувам сите мажи кои ги познавам само за тебе да ти испратам порака дека не си единствен и дека не си најзгоден, како што мислиш дека си.
Денес ќе ти ставам на знаење дека јас имам и други избори и алтернативи.
Денес онлајн ќе објавам некои работи само за да ти ставам до знаење дека имам пристап до мојот телефон, за да знаеш дека сум имала време да ти одговорам на твоите пораки, но не ти одговорив, затоа што не си мој приоритет. Сакам намерно да ти покажам дека сум ги видела сите твои пораки, но не сум сакала да ти одговорам кога ти си го очекувал тоа, а тоа е веднаш.
Денес нема да се извинувам поради малите работи кои сум ги направила: тоа што те игнорирав, тоа што не те прашав како ти е денот, не те прашав како помина на состанокот. Нема да се извинувам затоа што јас сум си на прво место и затоа што знам дека ти секогаш ќе ми простиш.
Денес ќе се извлечам од се, затоа што знам дека можам.
Вечерва ќе доцнам на нашата вечера затоа што не сум толку возбудена да те бидам или да поминам време со тебе.
Вечерва ќе ти дадам делчиња надеж, за да можеш да се држиш за мене, но нема ништо да ти предложам или ветам, за да не можеш да го искористиш тоа против мене.
Вечерва ќе ти зборувам за себе, за мојот ден, за своите соништа и желби и сакам да ми го подигнеш егото, затоа што тоа е единствената причина поради која се среќавам со тебе. Тука сум само поради вниманието.
Вечерва ќе зборувам за други машки и ќе зборувам за своите бивши и како уште чувствувам нешто за нив и така полека ќе ти го наметнувам чувството дека не си доволно добар за мене.
Вечерва кога ќе се вратиш дома, ќе мислиш на мене, о да, верувај дека ќе мислиш. Ќе направам да ги премотуваш сите мои зборови, да мислиш што сум сакала да ти кажам со ова или она, што сум мислела кога сум го кажала ова или тоа. Верувај ми, цела ноќ ќе останеш буден мислејќи на мене.
Вечерва ќе си легнам без да ти пратам порака за добра ноќ, затоа што не сакам да помислиш како се уште те посакувам.
Вечерва ќе те доведам до состојба да се чувствуваш потполно сам.
Вечерва ќе направам да се почувствуваш како и баш не сум заљубена во тебе. Ќе заспиеш со солзи во очите.
Вечерва ќе ти го скршам срцето и само ќе ја ставам главата на перница и мирно ќе заспијам.