Најновото Британско истражување покажало дека женското либидо е најсилно во сабота околу 23:00 часот. Иако повеќето Британки се задоволни со својот сексуален живот, голем број од нив недостатокот на желба за секс го префрлаат на хаотичното работно време.
Жените од Шкотска и жените од јужен Велс се најзадоволни од животот во спалната соба (82% се задоволни), додека оние од Ирска се најнезадоволни (30% се задоволни). Од друга страна пак, Ирците важат за народ кој обожава секс, бидејќи 42% од населението имаат односи повеќе од 3 пати неделно.
Минатата година истражувањето на „London School of Economics“ откри дека најдобар ден за секс е сабота. Како што тврдат научниците, тогаш нивото на кортизол во телото се изедначува, со што се стимулираат хормоните задолжени за сексуалност. Исто така, според нивното истражување се покажало дека нивото на хормонот тестостерон кај машките и нивото на естрогени хормони кај жените е до пет пати повисок во утринските часови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.