Кога златото вреди колку обичен камен

Еден човек го закопал целото свое богатство на тајно место во својата градина и потоа секој ден одел таму, го откопувал богатството, го броел парче по парче и проверувал дали сè е на своето место. Тој толку многу го посетувал ова место, што еден крадец, кој го набљудувал периодот, сфатил каде е скриено богатството па една вечер тивко го откопал и избегал со него.
Кога човекот ја открил својата загуба, го облеала тага и очај. Тој плачел гласно и ја корнел косата. Во тој момент случаен минувач го забележал и го прашал што се случило.
„Моето злато! Ох, моето злато!“, врискал човекот. „Некој ме ограбил!“
„Вашето злато? Во таа дупка? Зошто сте го ставиле таму? Зошто не сте го чувале во домот каде што ќе ви биде на дофат секогаш кога ќе посакате да си купите нешто?“
„Да купам нешто!?“, извикал тој. „Јас никогаш не би го допрел моето злато. Не можам ни да помислам да го трошам.“
Непознатиот минувач подигнал еден голем камен од земјата и го фрлил во дупката.
„Ако е таква работата, тогаш закопајте го овој камен. Тој ќе ви вреди исто толку колку и богатството што го изгубивте.“
Поука: Штедењето има смисла само ако планирате мудро да го трошите, бидејќи во спротивно парите ја губат својата вредност повеќе одошто мислите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.